Top Sport

Еуфорија во Канада – Репторси добиваат моќен центар, Андре Драмонд

Американскиот кошаркарски центар, Андре Драмонд ќе ги напушти Кливленд Кавалирс и ќе се пресели во Торонто Репторс, пренесува „Атлетик“.

Информациите се дека Кавалирси веќе не сметаат на услугите на одличниот скокач, а на позиција „пет“ како стартер во тимот веќе го гледаат Ален кој неодамна дојде во трејд од Бруклин.

Канадската франшиза покажа најголемо интересирање за екс-асот на Детроит Пистонс кој се очекува да е големо засилување на Торонто.

Во тековнава сезона Драмонд во просек има по 17 поени и дури 13.5 фатени топки по меч, а летоска секако истекуваше неговиот договор со Кливленд.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');