Top Sport

Евролига: Дончиќ повторно МВП на колото (Видео)

Тинејџерот на Реал Мадрид, Лука Дончиќ, повоторно е МВП на коло во Евролигата. Словенецот беше МВП на третото, а го обележа и четвртото евролигашко коло.

Реал победи кај Жалгирис 87:66, а Дончиќ одигра уште еден брилијантен меч, за 28 минути запиша 28 поени и 9 скокови.

Во идеалната петорка уште се и Тејлор Рочести (Црвена звезда), Никос Папас (Панатинаикос), Вил Клајбурн (ЦСКА Москва) и Артурас Гудаитис (Милано). Тренер на колото е Чус Видорета од Валенсија.

Рочести беше меч винер во триумфот на Црвена звезда над Макаби 87:84. Тој ги постигна последните пет поени за својот тим, вклуччувајќи ги и победничките на 15 секунди до крајот.

Никос Папас против Фенербахче постигна 24 поени, а последната тројка постигната на 1,2 секунди до крајот го реши победникот (70:68).

Клејбурн ја предводеше ЦСКА до победата во Истанбул над Ефес (98:80) со 20 поение, додека Гудаитис за 18 минути во дуелот на Милано и Барселона (78:74) оставри 7 поени, 11 скока, 4 асистенции. Литванецот во последните две минути забележа 4 поени и 3 скока во нападот.

Валенсија на тренерот Видорета има скор од три победи и еден пораз, а во четвртото коло овој тим ја декласира Уникаха 91:53.

Scroll to Top