Top Sport

Првата трка за Ребензбург, Вон со „скромно“ враќање

Германката Викторија Ребензбург стигна до победата на првата трка од Светскиот куп во алпско скијање во сезоната 2017/18, откако по третото место по првото возење, постави второ најдобро време во второто за своја 14. победа во кариерата.

Зелден е посебно место за Ребензбург, бидејќи токму во австрискиот ски-центар таа стигна до својата прва победа во кариерата пред точно седум години.

Зад поранешната светска шампионка во дисциплината беше Французинката Теса Ворлеј со само 14 стотинки послабо време, додека италијанската ветеранка Мануела Мелг ќе почека за првата победа во кариерата, откако по првото место во првото возење го комплетираше подиумот на третото место.

Изненадувачки старт на велеслаломската трка, прва по речиси две години, имаше и рекордерката по бројот на победи во СК, Линдзи Вон, која во последно време ретко скија во техничката дисциплина.

Таа беше далеку од лидерите и заврши на 34. место, со што не успеа да се квалификува за второто возење, но сепак, беше задоволна од стартот на сезоната.

„Ова не беше резултатот кој го посакував, но искуството беше одлично. Прва велеслаломска трка по 600 дена. Сега едвај чекам да дојде Лејк Луис и моите брзински трки“, изјави Вон.

RANK BIB NAME NAT RUN 1 RK1 RUN 2 RK2 PR TOTAL DIFF
1 1 REBENSBURG Viktoria

GER

+0.33 3 +0.27 4 2 1:55.20
2 5 WORLEY Tessa

FRA

+0.64 6 +0.10 2 4 1:55.34 +0.14
3 4 MOELGG Manuela

ITA

55.57 1 +1.13 17 2 1:55.73 +0.53
4 13 BRUNNER Stephanie

AUT

+0.94 9 +0.37 5 5 1:55.91 +0.71
5 2 SHIFFRIN Mikaela

USA

+0.12 2 +1.22 18 3 1:55.94 +0.74
6 16 HOLDENER Wendy

SUI

+1.49 12 +0.22 3 6 1:56.31 +1.11
7 11 MOWINCKEL Ragnhild

NOR

+1.04 10 +1.01 14 3 1:56.65 +1.45
8 26 LYSDAHL Kristin

NOR

+0.85 8 +1.23 19 1:56.68 +1.48
9 22 ROBNIK Tina

SLO

+1.48 11 +0.67 9 2 1:56.75 +1.55
9 9 HECTOR Sara

SWE

+0.35 4 +1.80 25 5 1:56.75 +1.55
Scroll to Top