Top Sport

Евролига: Калатес МВП на осмото коло

Плејмејкерот на Панатинаикос Ник Калатес е МВП на осмото коло во Евролигата. Грчкиот репрезентативец во ова коло оствари неверојатен индекс на корисност, 42.

Искусниот плејмејкер го предводеше Панатинаикос до гостинска победа над Анадолу Ефес (82:81) со 29 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Покрај Калатес во идеалната петорка на осмото коло се најдоа уште Лука Дончиќ од Реал Мадрид, Торнике Шенгелија (Басконија), Јан Весели (Фенербахче) и Никола Милутинов (Олимпијакос).

Scroll to Top