Top Sport

Кро Кап: Тренирав со свињи на -15 без ракавици

Мирко Филиповиќ, попознат како Кро Кап, во интервју за „МИС Студио“ открива детали за неговиот живот и кариера, за родителите, за најтешките моменти во животот и секако, за враќањето во рингот.

Филиповиќ открива дека пристигнал во Загреб со последните 400 марки кои му ги дала неговата мајка, по што живеел нелегално во студентски дом.

„Ќе ја кажам вистината кога ќе се простам. Новинарите секогаш ме испрашуваат, по што ми викаат дека лажев дека се пензионирам, дека ветив дека ќе го исплатам хрватскиот долг. Би сакал да се борам уште 20 години, но за жал не можам. Ова е врвен бизнис, но и моја страст“, вели Кро Кап.

Најинтересни беа приказните за неговите почетоци во Славонија.

„Почнав да тренирам во шесто одделение. Мавав по вреќа направена од шаторско крило, ги гледав Брус Ли и Ван Дам, и кога ја видов неговата ’шпага’ сфатив дека морам да го направам тоа. Јас сум самоук и тоа ме следи цела кариера. Немав боксерски ракавици, и морав сам да правам вреќи. Ќе паднеше снег, а јас ќе се соблечев бос на -15 и удирав. Мојот покоен татко доаѓаше во два часот наутро и ме молеше да престанам. Никогаш не сум се тепал надвор од рингот, освен еден шамар. Типот ме удри со кола во Пула и избега. Го стигнав и кога го отвори прозорецот видов дека е пијан. Му залепив таква шлаканица што веднаш го спуштив на 0.5“, вели Филиповиќ.

Тој вели дека најтешко му било кога пристигнал на студирање во Загреб.

„Мајка ми го следеше возот кој поради војната возеше цел век низ Хрватска. Ми ги даде последните 400 марки кои ги имавме дома. Не ми беше лесно. Живеев нелегално во студентски дом, молев да ме вработат во дискотека. Немав за јадење секогаш. Кога првпат заработив многу, ми останаа 14 илјади марки, и веднаш и купив автомобил на мојата мајка за да не оди пеш на работа“, објаснува Хрватот.

Scroll to Top