Top Sport

Евролига: Кампацо и Ајон донесоа трето место за Реал

Фенербахче немаа одговор на играта на Факундо Кампацо и Густаво Ајон, за Реал Мадрид да стигне до 94:75 победа и да го освои третото место во Евролигата оваа сезона во мечот за кој многумина сметаа дека ќе биде овогодишното финале.

Кампацо имаше 12 поени и 15 асистенции за рекорд на фајнал форот, додека Густаво Ајон имаше 23 поени без промашен обид од поле (11-од-11), а додаде и 11 скока. За Фенербахче, Костас Слукас имаше 17 поени, а Мелих Махмутоглу додаде 14 поени.

Ајон имаше фантастичен старт на мечот да донесе 22:9 водство за Реал, но Фенербахче се врати по деветте поени на Слукас за турскиот клуб да дојде до водство (40:38) на полувреме. Третата четвртина им припадна на кошаркарите на Реал, за да направат 69:63 предност, за во финишот со низа од 15-0 да ги „дотепаат“ Фенер и да го обезбедат третото место.

Вечерва (20.30), во големото финале во Виторија играат ЦСКА Москва и Анадолу Ефес.

Scroll to Top