Кошаркарите на Црвена звезда забележаа нов убедлив пораз во Евролигата. Во рамките на осмото коло регионалниот шампион загуби во Атина од Олимпијакос 85:59. Интересно, со идентичен резултат, во средата, Црвена звезда во Белград беше поразена од ЦСКА Москва. Перо Антиќ кој со овации беше дочекан од навивачите на Олимпијакос одигра 16 и пол минути постигна девет поени и имаше четири скока.
Олимпијакос од почетокот наметна ритам кој не и одговара на Црвена звезда и најави во која насока ќе оди натпреварот.
Рано грчкиот тим стекна двоцифрена предност (18:7), а во првата четвртина доминираше Милутинов кој постигна седум поени.
Белградскиот тим успеа да фати пруклучок на почетокот на вториот период кога со серија од девет поени се доближи на 22:19.
Рочести не му дозволи на Олимпијакос повотрно да се „одлепи“ и ја држеше Црвена звезда во мечот се до моментот кога Робертс погоди две, а Манцарис една тројка. На полувреме Олимпијакос имаше предност од десет поени.
На стратот на третиот период Олимпијакос додаде уште пет поени на предноста која ја имаше на полувремето. Мечот во 26 минута беше во прекин, бидејќи кон клупата на белградскиот тим беше фрлен солзавец.
Во последните десет минути Црвена звезда остана без свежина и Олимпијакос рутински ја заврши работата.
Милутинов го предводеше Олимпијакос со 13 поени и 12 скока, а најефикасен кај грчкиот состав беше Томпсон со 14 поени. Кај Црвена звезда најдобар беше Рочести со 20 поени и 6 скока.
Олимпијакос по осум кола има скор 6-2, а Црвена звезда која го запиша четвртиот пораз во низа има скор 2-6.