Кошаркарите на Химки приредија големо изненадување во петтото евролигашко коло со победата во Мадрид, над Реал, 86:80.
Рускиот тим во текот на целиот натпревар ја имаше предноста на своја страна, а во првиот дел и во добар дел од третиот период имаше двоцифрена предност.
Сепак, Реал успеа во последната минута да се приближи на два поени негатива (80:82), кога тројка постигна Џеј Си Керол. Потоа на „сцена“ стапи бекот на Реал Факундо кампацо кој во рок од осум секунди направи две лични грешки од кои поентираше Џејсм Андерсон, кој го постави конечниот резултат.
Хинки до четвртата победа во сезоната го предводеа Алексеј Швед со 20 поени и 5 асистенции, односно Андерсон со 16 поени.
Реал го предводеше Лука Дончиќ со 12 поени, 7 скока и 3 асистенции.
Евролига, резултати:
Фенербахче-Валенсија 79:66
Реал-Химки 80:86
Басконија-Панатинаикос 85:84
Црвена звезда-Бамберг 69:75
Макаби-Милано 79:68
петок:
ЦСКА Москва-Жалгирис
Ефес-Уникаха
Барселона-Олимпијакос