Top Sport

Евролига: Реал со „кралски“ старт против Дарушафака (видео)

Актуелниот шампион Реал Мадрид имаше убедлив старт на новата сезона со 109:93 победа над турската Дарушафака за да покаже дека и без словенечкиот вундеркинд Лука Дончиќ е фаворит за одбрана на титулата.

Реал водеше од стартот до финишот на мечот, и на полувреме имаше 15 поени разлика (53:38), за во второто таа разлика да дојде и до 24 поени, пред падот во играта во последната четвртина. Ентони Рендолф имаше 16 поени за Реал, а Реј Меккалам беше најефикасен за турскиот клуб со 18 поени.

Ефес имаше поубав старт од Дарушафака, откако со 90:71 славеше на гостувањето кај Баерн Минхен, откако германскиот клуб имаше сили за само една четвртина. Брок Мотум имаше 15, а Шејн Ларкин 14 поени за турскиот клуб.

Во најтесниот меч, Панатинаикос во Атина со 89:84 го совлада Макаби, откако дури во последната четвртина успеаја да го скршат отпорот на гостите. Мет Лоџески уфрли 20 поени, а Ник Калатес имаше 14 асистенции за грчкиот клуб.

ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО

ЦСКА Москва – Барселона 95:75 (21:17, 30:12, 18:29, 26:17)

Панатинаикос – Макаби Тел Авив 89:84 (26:24, 20:21, 24:22, 19:17)

Баерн – Анадолу Ефес 71:90 (19:18, 18:26, 14:28, 20:18)

Реал Мадрид – Дарушафака 109:93 (25:18, 28:20, 38:31, 18:14)

Фото: ЕПА




Scroll to Top