Top Sport

Евролигашко сефте за Анадолу Ефес

Анадолу Ефес дури во шестото коло ја забележа првата победа во Евролигата. Ефес славеше во Барселона 89:85. На отворањето на шестата евролигашка руда убедливи беа Жалгирис и ЦСКА Москва, додека Реал загуби од Макаби.

Ефес конечно успеа да забележи победа во новата сезона. Избраницит на Велимир Перасовќ во „блауграна“ водеа во текот на целиот натпревар, често имаа и двоцифрена предност, а Барселона поразот го ублажи во последните 44 секунди кога направи серија 10:0.

Штимац го предводеше Ефес со 22 поени, 8 скока и 2 украдени топки додека Американците Рики Ледо и Ерик Мекалум постигнаа по 21 кош.

Пораз доживеа и вториот шпански великан Реал. Тимот од Мадрид гостуваше кај Макаби имаше предност до 15 минута, кога Макаби го презеде водството, кои повеќе не го испушти.

Дешон Томас постигна 19, а Мајкл Рол 16 поени за победникот, додека Рел го предводеше Лука Дончиќ со 19 поени.

На преостанатите две средби ЦСКА убедливо славеше над Валенсија 94:67, а Армани доживеа дебакл од Жалгирис 62:94.

Scroll to Top