Top Sport

Евролигашот Химки се распаѓа – четврти играч си оди за само шест недели

Прикован за дното на кошаркарската Евролига, тимот на Химки продолжува да се распаѓа.

Кога на почетокот на сезоната Алексеј Швед потпиша нов договор до летото 2023 година, делуваше дека рускиот тим има високи амбиции, но разочарувачките резултати и статусот – најслаб тим во Евролигата доведоа до егзодус на некои од битните играчи во екипата.

Бродот кој почна да тоне прв го напушти тренерот Римас Куртинаитис и тоа принудно, затоа што доби отказ.

Последниот кој замина од Химки е Даирис Бертанс. Договорот со него е раскинат неколку месеци пред официјалното истекување. Сезонава тој одигра 20 меча за клубот во Евролигата со просек од 5,3 поени и 1,2 скока на меч за просечни 17 минути на паркетот.

Бертанс е четвртиот играч во последниот месец дена кој раскина со Химки. Претходно си отидоа Јонас Јеребко, Грег Монро и Стефан Јовиќ.

Информациите се дека на излезна врата е и Американецот Дејвин Букер.

Останува отворено прашањето со кои играчи тимот ќе ка комплетира сезоната затоа што извесно е дека нема да има нови вложувања.

Scroll to Top