Евролигата го казни кошаркарскиот клуб Панатинаикос поради кршење на финансискиот фер-плеј. На Панатинаикос ќе му бидат одземени две победи од оваа сезона. Со оглед на тоа што ПАО е веќе на дното на табелата, оваа одлука нема да има некое големо влијание врз нивната сезона во Евролигата.
Според официјалното соопштение, покрај одземањето на победите, грчкиот гигант е казнет и финансиски, но Евролигата не ја објави висината на казната.
Периодот на прекршување на финансискиот фер-плеј се однесува на познатата „Ковид сезона“. По оваа казна Панатинаикос ќе ја заврши сезоната во Евролигата на разочарувачкото 17. место.
Последниот натпревар од лигата Грците го играат против Партизан, вечерва од 20 часот и 30 минути во Штарк Арена, а во Белград пристигнаа без повредените Мет Томас и Парис Ли.