Top Sport

Евролигата ја казни Црвена звезда – Кампацо нема да може да биде регистриран до 28.февруари

Најновото засилување на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, Факундо Кампацо, до март нема да може да игра за црвено-белите во Евролигата. Евролигата му забрани на клубот да регистрира нови играчи и тренери до 28.февруари. За разлика од Евролигата, Кампацо е регистриран за натпреварите во регионалната АБА лига.

Тоа значи дека Кампацо ќе може да игра од 26. коло од елитното натпреварување.

„Финансиската комисија на Евролигата, независно регулаторно тело, изрече санкција која се состои од забрана за регистрација на нови играчи и тренери до 28. февруари 2023 година и парична казна од 25.000 евра на Црвена звезда за сериозни прекршувања на Финансиската стабилност и Правила за фер плеј“, се наведува во соопштението на Евролигата.

Случајот Кампацо беше упатен до Финансиската комисија на 1. декември 2022 година од страна на Комисијата за контрола на управувањето, независна комисија која ги разгледува финансиските перформанси на клубовите и нивната усогласеност со релевантните прописи.

Финансискиот совет отвори судска постапка и на клубот му изрече времена забрана што значи дека црвено-белите нема да можат да регистрираат играчи и тренери.

Забраните кои се изречени ја земаат во предвид сериозноста на прекршокот, кој вклучува задоцнето подмирување на обврските кон играчите од тековната и претходните сезони, како и давање неточни информации. На тој начин клубот добил предност во однос на конкуренцијата и да продолжил со својата нормална работа и покрај нередовното финансиско работење.

Казната од Евролигата, исто така, вели дека секое понатамошно кршење на финансиските регулативи може да доведе до уште поголеми санкции, како одземање на победи.

Сето ова е наведено во објавата на елитното натпреварување, а оваа одлука може да се обжали до Судот за спортска арбитража.

Scroll to Top