Top Sport

Евролигата ја отвори 2022 со само три меча, Фенер го доби Олимпијакос

Новата 2022 година во Евролигата почна со само три меча на програмата по големиот број на откажувања поради пандемијата на КОВИД-19, и во најинтересниот меч, Фенербахче со 94:80 го совлада Олимпијакос во меч во кој имаше од се по малку – серии, исклучувања и на крајот победа на домаќинот.

Шест кошаркари беа во двоцифрени поени за Фенер, кои имаа 15 тројки (од 29 обиди) и дури 27 асистенции во кои беа подобар противник во второто полувреме. Капитенот Мелих Махмутоглу имаше 17 поени, Дајшон Пјер додаде 14 во отсуство на првите ѕвезди на тимот, Нандо де Коло и Јан Весели.

За Олимпијакос најдобар беше Тајлер Дорси со 14 поени, колку што имаше и Костас Слукас, а нивниот тренер Јоргос Барѕокас беше исклучен на три минути пред крајот во првото полувреме.

До домашна победа стигнаа и Баерн Минхен, благодарение на своето српско дуо Лучиќ-Јарамаз, во 74:65 победата над Жалгирис. Огњен Јарамаз имаше 16 поени, а Владимир Лучиќ додаде 12 за победа над последнопласираниот тим на табелата, кој играше првпат по 25 дена во Евролигата..

ЕВРОЛИГА, 21.КОЛО

Фенербахче – Олимпијакос 94:80 (11:17, 25:22, 30:20, 28:21)

Баерн Минхен – Жалгирис 74:65 (16:15, 18:18, 27:21, 13:11)

Барселона – Олимпија Милано 73:75 (14:14, 14:20, 26:13, 19:28)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top