Кошаркарската Евролига ја призна грешката на судиите на натпреварот Црвена звезда-Барселона.
Контроверзен е последниот напад на Барселона, кога Никола Миротиќ со звукот на сирената погоди тројка и со тоа го одведе натпреварот во продолженија, каде славеше каталонскиот клуб (99:94).
Но, во моментот кога ја прими топката Миротиќ згазна на линијата, што го признаа и челниците на континенталното натпреварување.
„Кога ја прими топката, Никола Миротиќ стапна на линијата и на тој начин го напушти теренот, по што топката на 3,3 секунди до крајот требаше да и припадне на Црвена Звезда“, стои во официјалното соопштение.
Никој од судиската тројка која ја сочинуваа Роберт Лотермосер, Емил Могулкоч и Аре Халико не се огласи, а црвено-белите од ова практично нема да имаат ништо.
#kkcz pic.twitter.com/sREaLGU94V
— Petar Tadic (@petartadiccc) December 30, 2022