Голем скандал ја тресе Евролигата како организација, бидејќи се појавија сериозни обвинувања против двајца судии кои за меѓу најдобрите на стариот континент.
Гркот Илиас Коромилас и Украинецот Борис Рижик се обвинети дека му понудиле мито на третиот судија, Микола Амбросов пред финалето на Еврокупот во 2021 година.
Тоа финале на Еврокупот се играше помеѓу Монако и Уникс. Двата натпревари ги добија кошаракрите на Монако.
Како што пренесува добро информираниот италијански кошаркарски новинар Емилијано Карчија, Евролигата ќе започне истрага против украинскиот судија Микола Амбросов и ќе открие што всушност се случило во 2021 година.
На сајтот на Евролигата се појави соопштение:
„Интегритетот на Евролигата и нејзините судии се заснова на високо ценети морални и етички принципи, вклучувајќи чесност, чест, правичност и доверливост. Евролигата има строг протокол кој ги следи настаните на сите натпревари и гарантира дека тие се играат во духот на фер-плејот и затоа има нулта толеранција за мито и корупција. Евролигата започнува официјална истрага за да открие што се случило и колку се точни тврдењата на украинскиот судија Микола Амбросов. Кога ќе заврши истрагата, Евролигата јавно ќе ја соопшти својата одлука и ќе ги покаже сите пронајдени докази и ќе ги спроведе сите мерки и санкции против одговорните учесници“, се вели во соопштението.