Конфликтот меѓу Евролигата и Панатаинаикос се „разгоре“, откако водството на натпреварувањето го казни претседателот на грчкиот клуб, Димитри Јанакопулос со 120.000 евра откако и покрај суспензијата тој присуствуваше на првиот четврт-финален дуел со Реал Мадрид (95:67).
Јанакопулос доби суспензија од една година присуство на сите мечеви бидејќи на социјалните мрежи се закануваше кон навивачите на Фенербахче и го критикуваше претседателот на Евролигата, Жорди Бартомеу.
Минатата недела, Јанакопулос преку Инстаграм го спореди Бартомеу со кумот од мафијата од филмот „Кум“, и најави дека Панатинаикос се повлекува од Евролигата за настап на натпреварувањата на ФИБА.
„Евролигата очигледно реши да се занимава само со Панатаинаикос“, се вели во соопштението на грчкиот клуб.