Top Sport

Евролигата подели казни за Партизан и Реал, но го „поштеди“ Љуљ

Евролигата подели казни за Партизан и Реал Мадрид по општата тепачка која го прекина вчерашниот меч на 1:40 пред крајот, и Партизан направи 2:0 предност.

Тимот на Жељко Обрадовиќ славеа во Мадрид, и покрај грдиот финиш кој започна со неспортскиот фаул на Серхио Љуљ над Кевин Пантер. Искусниот Шпанец помина без казна, додека Пантер доби два меча суспензија, а Матијас Лесор од Партизан ќе паузира еден меч.

Гершон Јабуселе, кој имаше „боречки“ зафат над Данте Егзум доби пет меча суспензија, а кај Реал е казнет и Габриел Дек со еден меч. Двата клуба исто така ќе мора да платат 50.000 евра за неспортското однесување на нивните играчи. Евролигата не дозволува жалби на своите дисциплински одлуки.

На Партизан му недостасува само уште една победа за да се пласира на Фајнал фор турнирот првпат по 13 години. Следните два меча се играат во „Штарк арената“, од кои првиот на 2 мај.

Scroll to Top