Кошаркарската Евролига од сезоната 2018/2019 ќе брои 18 екипи објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Засега е сигурно дека една од двете нови екипи ќе биде францускиот прволигаш АСВЕЛ од Вилербан чии сосптвеник е НБА ѕвездата, Тони Паркер.
Вториот тим кој ќе добие можност да се натпревари во елитната кошаркарска конкуренција ќе биде финалистот во Еврокупот.
Евролигата од минатата сезона број 16 клубови, а од регионот (АБА лига) во елитата настапува само шампионот. Изминатите три сезони тоа е брлградска Црвена звезда.
Новите измени, односно проширувањето, можат само дополнително да ги вложат односите на релација Евролига-ФИБА, бидејќи двете организации со години неможат да се договорат околу натпреварувачкиот календар.