Top Sport

Евролигата во шок – Барселона и Реал сакаат да се приклучат на НБА

Барселона и Реал Мадрид ќе го одложат продолжувањето на договорите со Евролигата, објавува „Мундо Депортиво“.

Како што објави овој шпански весник, Барселона и Реал Мадрид сакаат да ја задржат слободата да одлучуваат за евентуално преселување во новата европска лига, која НБА планира да ја лансира во 2027 година, поради што сè уште го одложија на потпишувањето на продолжување на договорот со Евролигата.

За време на состанокот на 13-те сопственици на Евролигата, одржан во понеделникот и вторникот во Барселона, врз двата најголеми шпански клуба бил извршен притисок да потпишат нови договори, но шпанските великани останале на своите ставови.

Стравот од проектот на НБА го принуди раководството на Евролигата да се обиде да го забрза процесот и клубовите да ги обноват своите лиценци пред истекот на тековниот договор, кој важи до летото 2026 година.

Уште во 2014 година, Евролигата објави дека сите клубови сопственици потпишале продолжување на лиценците за 15 години, но сега изгледа тоа не е вистината.

Барселона, Реал Мадрид и Фенербахче сè уште не потпишале.

Некои клубови ја продолжија соработката, но со клаузули за напуштање на натпреварувањето.

Проблемот за Барселона, Реал Мадрид и Фенербахче е што НБА Европа нема да започне со натпреварувањето до есента 2027 година, додека сегашната лиценца со Евролигата истекува една година порано.

Крајниот рок за потпишување на новата лиценца е 30 јуни 2026 година, но другите клубови сакаат тоа да се направи порано за да можат да ја планираат сезоната 2026/27 и деловните активности.

Во овој момент, малку е веројатно дека Барселона или Реал Мадрид ќе потпишат нов долгорочен договор, особено не за период од 15 години.

Нивната намера е да останат дел од Евролигата до летото 2027 година, а потоа да одлучат дали ќе ја продолжат соработката или ќе се приклучат на новиот проект НБА Европа.

Останува прашањето дали Евролигата ќе биде подготвена да ги задржи во натпреварувањето без гаранции за континуирана соработка или ќе одлучи да ги исклучи ако не ги обноват лиценците на време.

Scroll to Top