Top Sport

Европскиот првак ќе остане без Ларкин

Американскиот кошаркар Шејн Ларкин би можел да го напушти тимот на Ефес и да замине во НБА.

Неколку дена откако излезе веста дека Ергин Атаман е еден од кандидатите за позицијата помошник тренер во еден од НБА тимовите, се појавија гласини дека НБА тим е заинтересиран за Ларкин. Исто така се шпекулира дека во НБА, кариерата ќе ја продолжи и партнерот на Ларкин во бековската линија, Василије Мициќ.

За Ларкин се заинтересирани Вашингтон Визардс, а тој во НБА лигата настапуваше за екипите на Далас, Њујорк, Бруклин и Бостон, пред да дојде во Европа во 2018 година и да го облече дресот на Ефес со кој испиша историја.

Во текот на четирите сезони во најголемиот турски град, Ларкин освои две европски и две турски титули.

Ефес сака да има уште подобар тим следната сезона, а тоа го потврдија со трансферот на Вил Клејбурн од ЦСКА Москва.

Центарот Џош Нибо од Жалгирис, исто така едно од новите засилувања, а пред портите на Ефес е центарот на Макаби, Анте Жижиќ.

Scroll to Top