Top Sport

„Езерџиите“ пак загубија, па ќе се испотепаа меѓу себе

Нервоза во редовите на аспирантот за НБА титулата, тимот на големи ѕвезди ЛА Лејкерс.

„Езерџиите“ ноќеска загубија од Феникс Санс со 115-105, а на еден тајм-аут, Ентони Дејвис тргна физичка да се пресмета со соиграчот Двајт Хауард.

Соиграчите спречија поголем инцидент. Нервозата кај Лејкерс е очигледна ако се знае дека сезонава ја почнаа со два порази, а ги загубија и сите контролни мечеви во подготвителниот период.

Еве како изгледаше дуелот на Дејвис и Хауард:


На споменатиот меч, Крис Пол кај „сонцата“ стана првиот кошаркар во историјата на НБА со 20.000 поени и 10.000 асистенции.


Ова се сите ноќешни резултати во НБА лигата:

Кливленд – Шарлот 112-123
Орландо – Њујорк 96-121
Вашингтон – Индијана 135-134
Бостон – Торонто 83-115
Филаделфија – Бруклин 109-114
Чикаго – Њу Орлеанс 128-112
Хјустон – Оклахома 124-91
Денвер – Сан Антонио 102-96

Scroll to Top