НБА шампионот Лос Анџелес лејкерс славеше гостински триумф кај Хјустон Рокетс со 117-100.
По завршувањето на овој меч во кој Леброн Џејмс стигна до 26 поени, ѕведата на „ракетите“, Џејмс Харден на прес-конференција рече дека „нема хемија во клубот, нема талент, а ситуацијата во моментов во клубот е луда“. Тој постигна 17 поени на овој меч.
На останатите ноќешни натпревари во НБА лигата Бруклин славеше над Денвер. Екипата предводена од Кевин Дурант го расипа рекордот на српскиот центар Никола Јокиќ кој освен 23 поени, 11 асистенции, имаше и личен рекорд од 7 украдени топки.
Дурант во победата учествуваше со 34 поени.
Ноќешни НБА резултати:
Филаделфија – Мајами 137 – 134 (по продолженија)
Бруклин – Денвер 122 – 116
Кливленд – Јута 87 – 117
Чикаго – Бостон (мечот е одложен)
Хјустон – ЛА Лејкерс 100 – 117
Оклахома – Сан Антонио 102 -112
Голден Стејт – Индијана 95 – 104