Вечерва во престолнината на Литванија, каунас, започнува завршниот турнир на кошаркарската Евролига. За титулата, која до 21 мај ќе биде во сопственост на Анадолу Ефес, ќе се борат Олимпијакос, Реал Мадрид, Барселона и Монако. Монако е дебитант на завршните турнири, останатите три екипи играа и лани на завршниот турнир.
Завршниот турнир ќе го отворат од 17 часот Олимпијакос и Монако. Кошаркарите на Олимпијакос беа први на табелата, сезонава тие имаат четири победи против Барселона и Реал Мадрид, но ги загубија двата натпревари од Монако.
Второто полуфинале, исто како и лани е „Ел Класико“. Барселона, како и Монако, имаат скор од 3-3 со Ф4 тимовите во сезоната, додека Реал е единствен со негатива 2-4.
Олимпијакос 12. пат учествува на завршниот турнир, осум од нив изборија во изминатите 12 години, што доволно зборува за константноста на грчкиот великан.
Тие се само една од петте екипи кои ја одбранија титулата во новата ера на европската кошарка, тоа го направија во 2012 и 2013 година. Претходно тоа им успеа на Олимпија Милано во 1987 и 1988 година, Макаби во 2004 и 2005 година и Анадолу Ефес во претходните две сезони беше шампион во Евролигата.
Олимпијакос има осум победи и три порази во полуфиналето на Евролигата, а подобар од нив е само Макаби со учинок 10-2, а од играчите кои ја одбранија титулата во Евролигата во 2013 година останаа само Слукас и Папаниколау.
Противник во овогодинешното полуфинале е дебитантот Монако.Тимот на Саша Обрадовиќ во пет луди натпревари го елиминираа Макаби.
Монако е 29. тим што дошол на Фајнл-форот откако се игра во овој формат од 1988 година и тие се само третиот француски тим во историјата што дошол на завршниот турнир: Лимож со Божо Маљковиќ го освои трофејот во 1993 година, а Асвел во 1997 година, со Грегор Буњо на клупата не успеа да влезе во финалето.
Единствениот играч на Монако кој претходно играл на фајналфор е Мајк Џејмс и тоа во 2016 година како член на Басконија.
Второ полуфинале е реприза на ланското, кога во Белград играа Барселона и Реал.
Барселона без проблеми го победи Жалгирис, тимот во чија Арена ќе се одржи Фајнл-фор турнирот во 2023 година, додека по трилер од пет натпревари, Реал го совлада Партизан.
Барселона ја сака третата шампионска титула, во 2003 ја освои првата, во 2010 втората. Каталонците имаат шест порази во финалните натпревари.
Шарунас Јасикевичиус има шанса да стане само четвртиот човек со титулата во Евролигата и како играч и како тренер и да им се приклучи на Арменак Алачачан, Лоло Саинц и Светислав Пешиќ.
Ако го направи тоа, Шарас ќе стане единствениот човек што ја освоил Евролигата со три различни тима, бидејќи ја освоил како играч со Макаби и Панатинаикос.
Реал Мадрид е најтрофејниот тим во Евролигата и единствениот тим кој има повеќе титули во ова натпреварување од тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, откако десет пати ја освојуваше Евролигата.
Верувале или не, од тие десет освоиле само три во последните 35 години, во 1995, 2015 и 2018 година во Белград. Ова им е 12. настап на завршниот турнир, а претходно играа во 1993, 1995, 1996, 2011, 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019 и 2022 година.
Ако ја победат Барселона по 20. пат, ќе се борат за титулата, а ако победат таму, ќе го освојат 17. континентален трофеј бидејќи имаат 10 титули во Евролигата, четири пехари Сапорта, Купот Кораќ и Купот на УЛЕБ.