Top Sport

Фенер доминираше во Атина, ЦСКА „падна“ во Баскија

Фенербахче го задржа првото место во Евролигата и по 11. коло, откако стигна до десеттата победа оваа сезона со убедливи 81:69 на гостувањето кај Панатинаикос во Атина, за кои ова е трет пораз во низа.

Тимот на Жељко Обрадовиќ поведе уште на почетокот на мечот, и постојано беше во водство иако ПАО се држеше на достижна разлика, која веќе ја немаше во последната четвртина.

Никола Калиниќ беше најдобар на теренот со 18 поени, 4 скока и 4 асистенции, а Јан Весели додаде 15 за Фенер, додека Ник Калатес заврши со 14 поени и катастрофален учинок од 6-15 од поле.

ЦСКА Москва пак, доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Басконија од 76:73. Венсан Поире имаше 18 поени за Басконија, а Алек Петерс 20 за ЦСКА.

ЕВРОЛИГА, 11.КОЛО

Басконија – ЦСКА Москва 76:73 (21:21, 19:17, 15:17, 21:18)

Панатинаикос – Фенербахче 69:81 (12:18, 21:17, 19:21, 17:25)

Фото: ЕПА

Scroll to Top