Top Sport

Фенер го издржа камбекот на Баерн, Звезда, конечно, подобра од Монако!

Баерн Минхен беа на чекор од камбек во последната четвртина, но Фенербахче на крајот успеа да извлече 79:71 победа за искачување на третото место на евролигашката табела со 12-7 скор. По петте порази во низа, ова е втор триумф едноподруго за турскиот клуб.

Џонатан Мотли доминираше под кошот со 22 поени и 17 скока, Скоти Вилбекин доаде 11 поени, а Карсен Едвардс и Ник Калатес завршија со 9 поени за Фенер, а гостите ги предводеше Огастин Рубит со 21 поени Касиус Винстон со 12 поени.

Баерн имаше подобар старт на мечот, водејќи во првата четвртина, пред Фенер да ја врати рамнотежата. Во третата четвртина, Фенербахче влезе во 16-2 серија за да направи 23 поени предност, но Баерн не се откажа и дојде на само осум поени (69:61), пред Фенер да ја истурка победата.

Црвена звезда пак, стигна до доминантна 92:68 победа над Монако, така прекинувајќи ја лошата серија од пет порази од францускиот клуб. Со повратникот во тимот, Лука Вилдоза на теренот, Звезда со помош на низа тројки направи 18 поени на полувреме, пред тимот на Саша Обрадовиќ да се обиде да се врати во третата четвртина. Сепак, по трите тројки во низа на Добриќ, Вилдоза и Лазаревиќ, Звезда врати на 22 поени предност за голема победа.

ЕВРОЛИГА, 19.КОЛО
Фенербахче – Баерн Минхен 79:71 (19:18, 27:21, 21:10, 12:22)
Црвена звезда – Монако 92:68 (23:15, 31:21, 18:14, 20:18)
Алба Берлин – Реал Мадрид 77:84 (12:25, 23:21, 24:20, 18:18)
Виртус Болоња – Олимпијакос 83:85 (22:22, 16:20, 15:21, 30:22)

Scroll to Top