Top Sport

Фенер и Обрадовиќ ги почнаа преговорите

Жељко Обрадовиќ пристигна во Истанбул и почна со преговори со управата на Фенербахче околу новата сезона, обидувајќи се да стигнат до договор со кој српскиот стручњак би останал на клупата на клубот.

Турските медиуми јавуваат дека Обрадовиќ се сретнал со претседателот на клубот Али Коџ и потпретседателот Семих Озсој, и дека постои желба да се продолжи соработката, но по два часа разговор нема нов договор.

Околу иднината на Обрадовиќ во Фенербахче имаше шпекулации цела сезона, посебно по слабите резултати на тимот и наводната понуда да се врати во Грција.

Scroll to Top