Top Sport

Канада се понуди да биде домаќин на НХЛ лигата

Канадскиот премиер Џастин Трудо потврди дека неговата земја е „отворена“ еден или повеќе од нивните градови да бидат домаќини за рестартот на НХЛ лигата ова лето и покрај ограничувањата за движење.

Едмонтон, Торонто и Ванкувер се меѓу 10-те градови кои НХЛ ги разгледува како опција за избирање на град домаќин на двете конференции во лигата.

„Три канадски градови се подготвени да бидатдомаќини, но одлуката ја носи НХЛ лигата и градовите и провинциите. Канада е отворена за хокеј, како и секогаш“, вели Трудо.

Канада ги затвори своите граници до 21 јули, мерка која трае веќе три месеци, но тие ограничувања не им пречеа на НХЛ хокеарите кои се вратија на тренинзи.

Според планот на НХЛ за рестарт со 24 клубови, тимовите ќе ги отворат тренинг камповите на 10 јули, по што ќе се избере по еден град за Западната и Источната конференција  со почеток на лигата на крајот на јули и на почетокот на август. Покрај трите канадски градови кандидати се и Чикаго, Колумбус, Далас, Лас Вегас, Лос Анџелес, Минеаполис и Питсбург. „ЕСПН“ тврди дека е речиси сигурно дека еден од градовите ќе биде во Канада.

Scroll to Top