Top Sport

Фенер ќе го отпушти тренерот Кокошков

Игор Кокошков би можел да добие отказ во Фенербахче. Челниците на клубот не биле задоволни од работата на селекторот на Србија, пишува грчкиот спортки портал „СДНА“.

Според овој извор Кокошков не бил во добри односи со генералниот менаџер, Маурицио Герарди. Тензиите меѓу нив двајца се зголемиле пред третиот меч во серијата со ЦСКА, во Евролигата.

Кокошков, првите два натпревари од серијата со ЦСКА ги пропушти поради коронавирусот, пред третиот меч бил негативен, но не сакал да го предводи тимот.

ЦСКА, во три натпревари го елиминира Фенербахче, во четврт-финалето.

Во турското првенство, Фенербахче ја обезбедија втората позиција пред почеткот на плеј-офот. Реално е дека Кокошков ќе остане до крајот на сезоната, а дури потоа клупските челници ќе решат каква ќе биде неговата иднина во клубот.

Scroll to Top