Top Sport

УЕФА за Србија подготвува „грчко сценарио“

„Грчкото сценарио“, странски судии да ја делат правдата на најважните натпревари, УЕФА ќе го применува и во Србија. УЕФА размислува да воведе привремени и принудни мерки, откако истрагите покажале дека неколку натпревари во Србија биле наместени, пишуваат „Новости“, повикувајќи се на свои извори во европската Куќа на фудбалот.

„УЕФА, кога постојат сомнежи за нелегални активности, како што е тоа во сега во српскиот фудбал, има многу прецизни инструменти за делување. На клучните места во администрацијата, како на пример на позицијата генерален секретар, се носи човек од странство, а во судиската организација се поставуваат луѓе од УЕФА на одреден период“, стои во текстот на „Новости“.

Суперлигата на Србија, изминативе недели, се наоѓа во центарот на вниманието, поради спорните резултати. Војна на „фудбалската мафија“, во вторникот и објави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Scroll to Top