Црвена звезда ја започна новата сезона во Евролигата на ист начин како и лани – со пораз во Истанбул, откако Фенербахче на Александар Саша Ѓорѓевиќ стигна до драматична 61:57 победа во меч во кој одбраната беше посилна од нападот.
Звезда почна катастрофално, без постигнат поен во првите шест минути по кој беше 14:0, пред Звезда да врати со 15:2 серија, и да најави многу неизвесен меч. По првото полувреме, Фенер имаше само 28:26 предност, откако од 18 обиди за тројки на двата тима, шутерите беа прецизни само трипати.
ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО
Уникс Казан – Зенит Санкт Петерсбург 69:70 (22:18, 11:15, 16:18, 20:19)
Фенербахче – Црвена звезда 61:57 (18:15, 10:11, 17:11, 16:20)
Асвел Лион – Жалгирис Каунас 88:76 (19:16, 25:20, 19:19, 25:21)
Олимпијакос – Басконија 75:50 (28:13, 19:9, 16:20, 12:8)
Барселона – Алба Берлин 96:64 (28:15, 22:14, 13:17, 33:18)