Top Sport

Фенер „преживеа“ за да избори петти меч против Олимпијакос

И во третото четврт-финале во Евролигата ќе се игра „мајсторка“, откако Фенербахче со одлична последна четвртина успеа да стигне до 73:69 (18:17, 14:16, 16:16, 25:20) победа над Олимпијакос за да израмни на 2:2 во серијата.

Барселона веќе го осигура билетот за Литванија, додека Реал Мадрид и Партизан, односно Монако и Макаби Тел Авив ќе играат петти меч.

Во меч во кој беше израмнет до самиот крај, двата тима влегоа во „пресметка“ со тројки, за на крајот Фенер да ја направи клучната разлика и да не дозволи реприза на третиот меч, кога Костас Слукас со тројка обезбеди триумф за грчкиот тим. На 73:69 и на 10 секунди пред крајот, Олимпијакос имаше шанса со напад да се доближи, но ја загубија топката за победа за Фенер.

ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ
(2:2) Фенербахче – Олимпијакос 73:69 (18:17, 14:16, 16:16, 25:20)

Scroll to Top