Top Sport

Фенер со чудесен камбек до победа кај Панатинаикос

Фенербахче ја прекина лошата серија во Евролигата, стигнувајќи до драматична 94:88 победа на гости кај Панатинаикос во 18. коло. Двата клуба влегоа во мечт со пет порази во низа, но на крајот само турскиот клуб се радуваше.

Најџел Хејс-Дејвис постигна 24 поени, од кои 10 во продолжението, кога имаше пет поени во низа за 85:90 водство на 1:03 пред крајот за да ја запечати победата. Фенер го подобри скорот на 11-7, додека ПАО сега го има најлошиот скор во лигата од 6-12.

Баерн Минхен се одвои од дното на лигата, откако ги шокираше Басконија со 92:79 во најдобриот меч за германскиот клуб оваа сезона. Касиус Винстон постигна 16 поени, Огустин Рубит имаше 13, додека за Басконија, Маркус Хауард имаше 21 поен. Баерн започнаа фуриозно со 34:24 предност по првата четвртина, и потоа сигурно стигнаа до победата.

ЕВРОЛИГА, 18.КОЛО
Црвена звезда – Реал Мадрид 59:79 (16:25, 18:13, 17:19, 8:22)
Монако – Олимпијакос 64:60 (8:20, 23:14, 15:8, 18:18)
Алба Берлин – Олимпија Милано 83:63 (20:12, 25:21, 15:18, 23:12)
Баерн Минхен – Басконија 92:79 (34:24, 18:20, 23:16, 17:19)
Панатинаикос – Фенербахче 88:94 (19:18, 20:18, 20:15, 19:27, 10:16)
Виртус Болоња – Жалгирис 77:87 (13:24, 23:16, 24:20, 17:27)


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top