Костас Слукас постигна 12 поени (од своите 22) во последната четвртина за да ги предводи Фенербахче до кам-бек од 13 поени негатива за 88:82 победа над Барселона во 26. коло од Евролигата.
Откако го постигна водечкиот поен за 79:77, Слукас му асистираше ма Махмутоглу за клучна тројка за 84:78 на 22 секунди пред крајот. Со оваа победа, тимот на Жељко Обрадовиќ се подобри на 22-4, додека Барселона, која остана без тренерот Станислав Пешиќ, кој беше исклучен само по една минута има 15-11 за да останат на шестото место во Евролигата.
ЕВРОЛИГА, 26.КОЛО
ЦСКА Москва – Панатинаикос 77:78 (20:18, 21:17, 18:23, 18:20)
Фенербахче – Барселона 88:82 (16:23, 21:15, 15:23, 36:21)
Басконија – Будуќност 82:62 (23:15, 16:19, 25:15, 18:13)