Top Sport

Фенер со голема победа во Москва, Барса без проблеми со Звезда

Јан Весели имаше 24 поени и 6 скока за да ги предводи Фенербахче до голема 89:83 победа на гости кај ЦСКА Москва за тимот на Игор Кокошков конечно да влезе во форма и да го подобри скорот во Евролигата на 11-10.

Нандо де Коло додаде 22 поени, 9 асистенци и 4 скока против својот поранешен клуб со кој двапати беше шампион во Евролигата, а Џерел Еди имаше 17 поени во битката на два од последните три шампиони од Евролигата.

Фенер ја презеде контролата во третата четвртина со 54:50 водство, но „Армејците“ одговорија бргу за да останат на 66:63 пред последната четвртина, но не можеа да направаат пресврт. Торнике Шенгелија заврши со 18 поени и 4 асистенции, а Никола Милутинов, Даниел Хекет и Јанис Стрелникс имаа по 12 поени за ЦСКА, кои сега имаат 15-6 скор.

Барселона го израмни скорот на ЦСКА (15-6) со 72:60 победа над Црвена звезда, откако Кори Хигинс имаше 14 поени, а Пјер Ориола додаде 12 поени за Каталонците. За Звезда, само Огњен Добриќ имаше двоцифрен број на поени (11). Звезда има 7-14 скор, колку што имаат и Панатинаикос, Алба Берлин и Асвел.

ЕВРОЛИГА, 21.КОЛО

ЦСКА Москва – Фенербахче 83:89 (21:15, 17:23, 28:25, 17:26)

Црвена звезда – Барселона 60:72 (11:21, 20:14, 14:22, 15:15)

Жалгирис – Олимпијакос 81:79 (26:20; 19:24, 18:16, 18:19)

Scroll to Top