Костас Слукас ја надмина границата од 1.000 поени во Евролигата, откако Фенербахче стигнаа до нова убедлива победа во елитното европско натпреварување, овојат со 84:66 над турскиот ривал Анадолу Ефес.
Слукас заврши со 17 поени, Никола Калиниќ додаде 15, додека Џиџи Датоме уфрли 13 поени за Фенер, додека за Ефес најдобар беше Адриен Мерман со 18 поени. Ефес го стартуваа мечот со три тројки за 17:9 водство, но Фенер успеа да се врати со сопствена низа и со 16:0 скор направи пресврт по кој беше неизвесен само резултатот. Тренерот Жељко Обрадовиќ е задоволен, но ги предупреди своите кошаркари.
„Мораме да продолжиме да играме. Има уште шест натпревари и фокусот не смее да се загуби. Дел од минутите игравме без концентрација и моите играчи мора да се замислат“, вели Обрадовиќ.
Фенер остануваат лидери на Евролигата со 21-3 скор.
ЕВРОЛИГА, 24. КОЛО
Химки – Армани Милано 88:90 (25:20, 29:25, 19:20, 15:25)
Фенербахче – Анадолу Ефес 84:66 (20:17, 23:12, 14:18, 27:19)
Макаби Тел Авив – Дарушафака 77:58 (18:10, 20:13, 19:18, 20:17)
Басконија – Жалгирис 80:73 (17:12, 23:13, 19:27, 21:21)