Фенербахче на Саша Ѓорѓевиќ го понижи новакот во Евролигата, Уникс Казан, победувајќи ја руската екипа со неверојатни 80:41 во четвртото коло од елитното европско натпреварување.
Во првата четвртина Уникс уфрли само 8 поени, а во третата четвртина беа уште полоши – дадоа само 5 поени. Најдобар во играта беше Канаѓанецот Маријал Шајок со 17 поени, 5 асистенции и 4 скока, додека Нандо де Коло уфрли 13 поени. Ова е прекин на лошата низа од два порази на Фенер, додека Уникс остануваат на 1-3 скор.
Единствен тим кој има 4 порази во првите 4 кола се Баерн Минхен, кои иако се вратија од 17 поени разлика, загубија со 79:71 на гостувањето кај Зенит Санкт Петерсбург. Во третата четвртина, Баерн имаше импресивен камбек и водство од 8 поени, пред Зенит да стигне до третата победа во прите четири кола.
На Баерн не му помогна ниту Дарен Хилијард со 24 поени и 3 асистенции, и сега тие имаат четири порази во низа, по заубените мечеви со Макаби, Уникс и Барселона.
ЕВРОЛИГА, 4.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Баерн Минхен 79:71 (31:16, 12:19, 11:25, 25:11)
Фенербахче – Уникс Казан 80:41 (21:8, 23:14, 17:5, 19:14)
Алба Берлин – Басконија 76:80 (15:21, 14:31, 18:10, 29:18)
Асвел Лион – Макаби Тел Авив 85:93 (21:25, 21:24, 20:26, 23:18)