Top Sport

Фенербахче: Ловерњ ќе остане во клубот

Генералниот менаџер на Фенербахче Маурицио Герадини ги демантирал наводите на српските медиуми дека центарот Жофри Ловерњ ќе се пресели во Партизан. Пред претседателот на Партизан Остоја Мијаиловиќ рекол дека преговара со Фенербахче околу Ловерњ.

„Никој не го контактирал клубот. Жофри е наш играч, деле е од тимот. Постојат необјасниви работи надвор од соблекувалната и тоа мора сите да го почитуваат. Тоа го контролираат тренерите и клубовите. Жофри е наш играч, нема потреба дополнително да објаснувам“, рекол Герардини.

Францускиот центар игра малку во изминатиот период бидејќи тренерот Жељко Обрадовиќ го отстранил од тимот. Според турските медиуми Ловерњ му се посветил на ноќниот живот.

Последен пат во тимот на Фенербахче Ловерњ се појавил на 22 декември.

Оваа сезона тој има просек од 7,8 поени и 3,3 скока по натпревар во Евролигата. Ова е најлошата негов статистика во кариерата, во Евролигата.

Scroll to Top