Боби Диксон имаше речиси совршена партија, предводејќи ги Фенербахче до 99:82 победа на гости кај Жалгирис за победа во плејоф серијата со 3:1 и пласман на фајнал фор турнирот.
Диксон имаше 25 поени (9-од-10 од поле и 5-од-5 за тројки), а додаде и четири асистенции, три украдени топки и еден скок. Костас Слукас имаше дабл-дабл со 15 поени и 10 асистенции, а Јан Весели додаде 12 поени за да обезбеди тимот на Жељко Обрадовиќ повторно да се бори за титулата во Виторија откако лани загубија во финалето од Реал Мадрид.
Диксон постигна 13 поени во првата четвртина во која беше совршен, за Фенер да поведе со 30:16 по 10 минути и 49:41 на полувреме, откако Жалгирис останаа блиску благодарение на 11-те поени на Нејт Волтерс. Дејвис помогна Жалгирис да се доближи на четири (52:48), но Диксон повторно беше лидер на Фенер за победата.