Сагата околу центарот на Сарагоса, Гилсон Банго, трае веќе неколку дена. Се поврзуваше со Панатинаикос, но на крајот ќе заврши во Фенербахче.
Како што пренесува „Баскет њуз“, Фенербахче е во завршна фаза од преговорите со Сарагоса околу купувањето на анголскиот центар.
Тимот од Истанбул на Сарагоса ќе и плати отштета од 600.000 евра, а потоа со Банго ќе потпише две и пол годишен договор.
208 сантиметри високиот центар до крајот на сезоната ќе заработи 250.000 евра, а до крајот на договорот му следуваат вкупно 1,6 милиони евра.
Банго сезонава во АЦБ лигата има просек од 13,9 поени и 5,6 скока за 21 минута по натпревар.