Кошаркарите на Карпош Соколи го запишаа првиот пораз во домашниот шампионат, откако во четвртото коло, во натпревар со две продолженија загубија од Фени индуатри 103:109.
„Соколите“ и Фени одиграа интересен и возбудлив меч, во кој продолжение во регуларниот дел на екипата од Карпош и обезбеди Мекфејден со тројка (83:83) постигната на 40 секунди до истекот на времето. Фени во регуларниот дел не искористи два напада за да ја обезбеди победата.
И во првто продолжение Фени беше поблиску до победата, но Браун на една секунда до крајот реализира тројка за 97:97.
Конечно во второто продолжение Фени ја обезбеди победата, а клучна беше серијата 1:11 во почетните две минути.
Дејвис со 30 поени и 16 скока, односно Петровски со 16 поени, 10 скока и 8 асистенции и Марковски со 23 поени го предводеа Фени до победата. На спротивната страна Мекфејден уфрли 40 поени.
фото/mkf.mk