Top Sport

Феникс го доби дуелот со Денвер, Мајами ја оддува Филаделфија

Кошаркарите на Феникс Санс го совладаа Денвер со 119:115 и го осигураа четвртото место и предноста на домаѓен терен во плеј-офот. Гостите играа со речиси резервен состав, со оглед дека се сигурни на првата позиција пред разигрувањето. Кевин Дурент со 29 поени и Крис Пол со 25 поени беа предводници во тимот на Фениск, а Брус Браун уфрли 31 поен за Денвер.

Кливленд убедливо го совлада Орландо на гости со 118:94. Дени Грин со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим, а Џеди Осман уфрли 19 поени. Во поразената екипа Сагс со 22 поени беше најефикасен.

Мајами славеше на гости против Филаделфија со 101:129. Џими Батлер и Тајлер Хироу пстигнаа по 24 поени за „жешките“, додека Џоел Ембид беше стрелец на 21 поен за 30 минути игра во тимот на Филдалефија.

Резултати: Орландо – Кливленд 94:118, Филаделфија – Мајами 101:129, Сан Антонио – Портланд 129:127, Јута – Оклахома 98:114, Феникс – Денвер 119:115.

Scroll to Top