Top Sport

ФИБА: 24 репрезентации ќе се борат за четири визи за Токио 2020

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) ја објави листата од 24 репрезентации кои низ квалификациите ќе се борат за четири преостанати места на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Преку пласманот на Светското првенство во Кина, место на летната Олимпијада обезбедија домаќинот Јапонија, односно Аргентина, Австралија, Шпанија, Франција, САД,Иран и Нигерија.

Преостанатите четири места ќе бидат пополнети по одигрувањето на четирите турнири, што ќе се одиграат во периодот од 23 до 28 јуни наредната година.

Низ светот ќе се одиграат четири турнири, на секој од нив ќе учествуваат по шест репрезентации, а само победниците ќе изборат пласман на ОИ.

Во квалификациите влегуваат 16 најдобри тимови според пласманот на неодамна завршеното Светско првенство, односно по две селекции од секој континент според рејтингот на ФИБА, а тоа се Ангола и Сенегал, Мексико и Уругвај, Кина и Јужна Кореја, односно Хрватска и Словенија.

Scroll to Top