Top Sport

ФИБА ги објави датумите за СП во 2023 година

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) соопшти дека Светското првенство во 2023 година ќе се одигра од 25 август до 10 септември.

Фазата по групи на СП ќе се игра во Јапонија, Индонезија и Филипините, а домаќин на завршниот дел од турнирот ќе биде филипинската престолнина Манила.

На СП ќе учествуваат 32 репрезентации. Мундијалот во 2023 година ќе биде првиот што ќе се одржи во повеќе земји.

Квалификациите за пласман на СП ќе се играат од ноември 2021 до февруари 2023 година. За 32 места ќе се борат 80 репрезентации.

Scroll to Top