Top Sport

ФИБА ги одреди домаќините на квалификациските турнири за ОИ

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги објави домаќините на квалификациските турнири за Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Париз.

Домаќини на четирите квалификациски турнири ќе бидат Грција, Летонија, Порторико и Шпанија.

Борбите за олимписка виза ќе се одржат од 2 до 7 јули следната година во Пиреја, Рига, Сан Хуан и Валенсија.

Вкупно 24 репрезентации ќе се натпреваруваат на четири олимписки квалификациски турнири на ФИБА, а само победниците ќе се пласираат на Олимписките игри во Париз.

Тоа се Шпанија, Латвија, Литванија, Словенија, Бразил, Италија, Грција, Полска, Порторико, Црна Гора, Доминиканската Република, Финска, Нов Зеланд, Грузија, Мексико, Либан, Хрватска, Брегот на Слоновата коска, Ангола, Филипини, Египет, Бахамите, Камерун и Бахреин.

Седум репрезентации веќе директно се пласираа на Олимписките игри од Мундобаскетот: САД, Канада, Австралија, Јужен Судан, Јапонија, Србија и Германија.

Ждрепката за олимписките квалификациски турнири на ФИБА ќе се одржи вечерва во 19:00 часот.

Scroll to Top