Македонската кошаркарска репрезентација нема да го одигра првиот натпревар, во „балонот“ во Талин, против Италија. Дуелот кој требаше да започне во 15 часот, ФИБА го одложи, поради позитивни тестови на вирусот Ковид-19, во македонската репрезентација.
Тројца македонски репрезентативци Љубомир Младеновски, Бојан Трајковски и Џејкоб Вајли, биле позитивни на последните тестирања.
Сите од репрезентацијата на Македонија, според препораките на ФИБА, се во карантин во хотелот во кој се сместени и ги чекаат дополнителните тестирања.
Дури потоа ФИБА ќе реши што понатаму. Доколку нема повеќе позитивни кошаркари, а ФИБА реши Македонија да ги игра дуелите со Италија и Естонија, тоа ќе биде голем хендикеп за Македонија.