Попладнево во Женева со ждрепка беа извлечени групите за квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри во Токио наредната година.
Во ждрепката учествуваа 24 мачки и 16 женски национални тимови.
Кај мажите се извлечени четири групи со по шест репрезентации. Секоја група има две подгрупи. Најтешка група е онаа што ќе се игра во Хрватска, каде покрај домашната селекција се силните Германија, Русија и Бразил.
Квалификациските турнири ќе се играат од 23 до 28 јуни во Белград, Каунас, Сплит и Викторија.
Белград:
Група А: Доминиканска република, Нов Зеланд, Србија
Група Б: Порторико, Италија, Сенегал
Каунас:
Група А: Литванија, Јужна Кореја, Венецуела
Група Б: Полска, Словенија, Англоа
Сплит:
Група А: Германија, Русија, Мексико
Група Б: Тунис, Хрватска, Бразил
Викторија:
Група А: Грција, Кина, Канада
Група Б: Уругвај, Чешка, Турција
Во женска конкуренција се извлечени четири групи со по четири репрезентации. Квалификациите ќе се играат од 6 до 9 февруари.
Белград: Србија, САД, Нигерија, Мозамбик
Бурж: Франција, Бразил, Австралија, Порторико
Фошан: Кина, Велика Британија, Шпанија, Јужна Кореја
Остенде: Белгија, Канада, Јапонија, Шведска
Пласман на ОИ во Токио ќе изборат само победниците на групите во двете конкуренции.