Top Sport

ФИБА: Квалификациски натпревари ќе се играат во ноември

ФИБА има намера квалификациите за пласман на Европското првенство да се одвиваат според планираното. Според бордот на директори во ноември ќе се играат квалификациски натпревари.

Во ноемврискиот прозорец Македонија ја оечкуваат две гостувања во Италија (27 ноември) и Естонија (30 ноември).

Можно е ФИБА овој прозорец да го помести за февруари наредната година само доколку и тогаш биде актуелна ситуацијата со коронавирусот.

Македонија квалификациите во Б-групата ги започна со поразите од Естонија во Скопје (81:72) и Русија во Перм (77:67). Пласман на Евроспкото првенство ќе изборат по три репрезентации од секоја група.

фото/kfsm.mk

Scroll to Top