Top Sport

Филаделфија ги надигра Јокиќ и друштвото, Бостон по продолжение го победи тимот на Леброн Џејмс

Кошаркарите на Филаделфија во спектакуларен натпревар го совладаа Денвер Нагетс со 126:119. Фантастичниот меч го одбележа МВП дуелот меѓу најдобрите НБА центри, кој им припадна на Џоел Ембиид и на Филаделфија.

Ембид мечот го заврши со дури 47 поени, 18 скока и 5 асистенции, додека Никола Јокиќ имаше „само“ 24 поени, 8 скока и 9 асистенции.

На листата на стрелци Ембиид го следеа Џејмс Харден со 17 поени и 13 асистенции, Тобијас Харис со 14, Дионтони Мелтон и Тајрис Макси со по 13 и Жорж Нијанг со 14 поени и четири тројки.

За Денвер, Џамал ​​Мареј имаше 22 поени, Мајкл Портер Јуниор 20, а Арон Гордон 18 поени.

Атланта беше поразена на домашен терен од Лос Анџелес Клиперс со резултат 120:113.

Најефикасен на средбата беше Кави Ленард со 32 поени со осум скока, додека Пол Џорџ додаде 23. За Хоукс, Тре Јанг постигна 31 поен и 10 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.

Бостон Селтикс по продолжение славеше против ЛА Лејкерс со 125:121. Леброн Џејмс уфрли 41 поен, со девет скока и осум асистенции, но тоа не беше доволно за победа. Бостон го предводеше Џелен Браун со 37 поени. Леброн Џејмс се жалеше на слабото судење, па на крајот од регуларниот дел дури и падна на колена на теренот во знак на револт.

НБА резултати: Детроит – Хјустон 114:117, Орландо – Чикаго 109:128, Атланта – ЛА Клиперс 113:120, Минесота – Сакраменто 117:110, Њу Орлеанс – Вашингтон 103:113, Сан Антонио – Феникс 118:128, Бостон – ЛА Лејкерс 125:121, Јута – Далас 108:100, Портланд – Торонто 108:125.

Scroll to Top