Top Sport

Филаделфија и Далас изедначија против Мајами и Финикс

Филаделфија и Далас изедначија на 2:2 во сериите против Мајами, односно Финикс. Филаделфија го победи Мајами со 116:108, а Далас триумфираа над Финикс со 111:101.

Најдобрите играчи на Филаделфија, Џејмс Харден и Џоел Ембид го предводеа својот тим до победата. Харден мечот го заврши со 31 поен, 7 скока, 9 асистенции и 6 украдени топки, додека Џоел Ембид постигна 24 поени со 11 скока, а Тајрис Мекси постигна 18, 13 Тобајас Харис, 11 Дени Грин, а двоцифрен беше Џорџ Нианг со 10 поени.

Во редовите на Мајами најсилен отпор пружи Џими Батлер, кој постигна дури 40 поени со 3 скока и 6 асистенции.

Покрај Батлер одличен беше и Бем Адебајо кој мечот го заврши со 21 поен, 7 скока и 4 асистенции, додека Виктор Оладипо имаше 15.

Далас со тројки го затрупа кошот на Финикс, што беше клуч за победата во четвритот натпревар. Кошаркарите на Далас постигнаа 20 тројки, осум од нив клучниот играч на овој натпревар Доријан Фини-Смит.

Фини-Смит натпреварот го заврши со 24 поени. Лука Дончиќ беше најефикасен со 26 поени, 7 скока и 11 асистенции. Словенецот лошо шутираше погоди само 9 од 25 обиди, 10 пати се обиде за три поени, постигна само една тројка.

На спротивната страна се истакна Девин Букер со 35 поени.

Scroll to Top